Dogovor za dozivotna izdrška (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 12 | Nivo: Pravni fakultet

Содржина
Вовед......................................................................................................3
Наследно правно договори..................................................................4,
Договор за доживотна издршка............................................................5,6
Форма на договорот ...............................................................................6,7
Запишување на правата на доверителот................................................7
Одговорност за долгови .........................................................................7
Наследно-правно дејство на договорот................................................7,8,9
Престанок на договорот..........................................................................9, 10
Заклучок ......................................................................................................11
Користена литература................................................................................12
Вовед
За уредување на посебни делови од наследното право значајни се и наследно правните договори.Имено наследно правни договори низ историскиот тек имале различен третман започнувајчќи од римската јуриспруденција па се до современото право.Присутно е еволуција во во насоката на ограничување ,се до укинување на правото на потенцијалниот наследник да располога со своето наследство.Најзначајните наследнот правни договори се договорот за распределба на имотот за време на живот и договорот за доживотна издршка кој ќе биде разработен во текот на мојот семинарски труд.
Наследно-правни договори
Наследно правните договори се значајни во наследното право и покрај различното третирање на истите низ историјата.Следењето на договорите во наследното право, започнува од римското право па се до современото право.Општествено-економските па и политичките услови влијаеле врз прифаќање т.е укинувањето на определени видови договори со кои се вршело пренесување на имотот од едно на друго лице(повеќе лица).На просторите на бивша Југославија се применувал договорот за наследување кој покрај законот и тестаментот претставувал основ за наследување.Меѓутоа со Законот за наследување како и со наследно правните прописи овој договор е укинат.Наследно правната проблематика денес се уредува според Законот за наследување од 1996 година.Отфрлајќи ги и другите видови договори:
како што е договорот за откажување од наследство,
договорот за наследство на трето лице кое е уште живо
Договор за легат
Друг вид очекувана корист на неотворено наследство
Договор за содржина на тестамент
законодавецот имал за цел да ги оневозможи негативните последици и злоупотреби кои можат да настанат од ваквите договори.Во групата на наследно-правни договори спаѓаат
Договорот за распределба на имот за време на живот
Договорот за доживотна издршка
Договор за доживотна издршка
Еден од најконтраверзните договори кои имаат наследно правно дејство е договорот за доживотна издршка.Поради фактот што единствено со него може да се доведе во прашање правото на нужен дел, што е инаку на некој начин загарантирано на точно определена категорија на лица според законот.Според законската дефиниција, со договорот за доживотна издршка, давателот на издршката се обврзува доживотно да го издржува примателот на издршката или некое трето лице, додека примателот на издршката како надомест му го остава целиот свој имот или определен дел од имотот чие предавање е одложено до неговата смрт. Според тоа , како предмет на договорот ќе се јават меѓусебните права и обврски на договорните страни, бидејќи за разлика од договорот за распределба на имотот за време на животот, тука станува збор за двострано обврзувачки договор. Давателот на издршката има обврска доживотно да го издржува примателот на издршката или некое трето лице.Во рамките на тоа, тој е должен да ги преземе и извршува совесно и навреме сите потребни дејствија. Хронолошки набљудувано, исполнувањето на неговите обврски ја сочинуваат првата фаза,додека остварувањето на првата насанува во моментот на смртта на оставителот т.е втора фаза.Во рамките на остварување на своите права што произлегуваат од договорот,тој ги добива или во целост или дел стварите од имотот на оставителот(движни и недвижни),што се предмет на договорот. Можен е и случај во договорот,според кој предавањето на имотот да не биде одложен

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!